Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата – ја бомбардираше преговарачката маса од инает

Фото: Х

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска на платформата Икс го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „предавство на дипломатијата и на Американците што го избраа“ со тоа што започна напад за време на разговорите за нуклеарната програма на Иран.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат“, напиша Арагчи на Икс.

„Резултат? Бомбардирање на преговарачката маса од инает“, додаде иранскиот министер за надворешни работи. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ