Најмалку шест лица загинаа, а петмина се повредени, од кои тројца се во критична состојба, по пожар во автобус на „ПостБус“ што избувна вчера доцна попладне во центарот на градот Керцерс , на 20 километри од Берн, Швајцарија. Ова го потврди полицијата во кантонот Фрибург на вечерната прес-конференција.
Четворица од повредените биле патници во автобус, додека петтиот бил болничар. Причината за несреќата сè уште не е официјално потврдна. Неофицијално, според исказ на сведок, дека едно лице било вклучено во несреќата. Видеото објавено од локалните медиуми покажува автобус во пламен, а еден локален жител опиша како видел густ столб од чад.
Сведок: „Пожарот го предизвикал човек кој се самозапалил.“
Пожарот во поштенскиот автобус што резултираше со неколку смртни случаи и повреди во Швајцарија, наводно бил предизвикан од „маж кој се самозапалил“. Ова го објави швајцарскиот весник „Блик “, цитирајќи сведок во едно од видеата што ги доби весникот.
На видеото, човекот со лице покриено со саѓи е прашан што се случило. „Маж се самозапали внатре “, одговара тој на албански јазик. Потоа мавта со рацете и продолжува: „Си истури бензин врз себе и се самозапали“. Други очевидци го известуваат истото. Овие изјави сè уште не се потврдени од полицијата.
Од повредените, едно лице е префрлено со спасувачки хеликоптер. Големата спасувачка операција продолжи во текот на ноќта.
Видео: Гардијан
Фотографија: Принт скрин







