Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија од Охрид до Милано

Фото: МИА

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март  од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

” Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри” – објави вицепремиерот Николоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ