Ја претепал, ја убил, па телото го влечел од дневната во тоалетот – Грозоморни детали на второто рочиште за убиството во Штип

 Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин.

Според обвинението, Асанов ја претепал Николова во неговиот дом, притоа кршејќи и повеќе ребра, по што зел нож и и го исекол гркланот. По убиството телото го исекол на повеќе делови, при што трупот без нозете и главата го закопал во дворот.

Пред Судот денеска сведочеа роднини на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот. 

„Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото“– рече во својот исказ вработен во СВР-Штип. 

Обвинетиот Асанов не призна вина.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ