Во тек е акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во која е уапсен директор на државен инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев. При приведувањето Анакиев е фатен со 50.000 евра мито.
Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека во тек е акција, но без потврда на апсењето.
„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, соопштија од Обвинителството.
Анакиев (41) е втора година директор на Државниот инспекторат за земјоделие, од јули 2024 година. Претходно (2017 – 2021) бил претседател на Советот на општината Чешиново – Облешево, а бил претседател и член на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.
Ова е втор случај со мито во кој се инволвирани функционери од секоторот земјоделие. Лани во ноември беше уапсен Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, под сомнение за земање мито.






