Турчин превезувал мигранти од Египет, полицијата го уапсила

Фото: МВР

Пронајдени пет лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот.

-На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информират од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ