Дожд, а од петок можен снег на повисоките места, најавуваат од УХМР под влијание на циклонска активност. Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2) , а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.








