Долгогодишниот албански политичар, Зијадин Села објави дека формирал нов политички субјект, откако Основниот суд во Тетово пресуди дека легитимитетот на Алијанса за Албанците е кај крилото на Арбен Таравари.
Во телевизиско гостување, Села изјави дека ништо не оставил на случајност, туку продолжил понатаму – со нов политички субјект.
-Јас ја создадов таа нова политичка партија. Таа е создадена и дури се вика уште подобро – тоа е Албанска Лига. Има црвено-црни бои и ние тука не се предаваме од оваа работа. Идејата на Алијансата и каузите на вистинската Алијанса ја имаат својата континуитет. Ние не го оставаме тоа на случајност, рече Села.
Според политичарот, луѓето кои се дел од оваа групација се вистински, „тоа се луѓе што имаат идеал и ќе продолжат повторно да градат силна политичка структура, затоа што не мислиме дека решението е оставка и предавање“, додаде Села.
Фото: ФБ







