Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 600 куршуми

Јавното обвинителство потврди дека е поведена истрага против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливот, по информацијата на ТВ Алсат дека мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ нашле муниција.

Автобусот е запрен на граничниот премин Табановце.

-При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје. Неофицијално, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место, информираше Алсат.

Од Обвинителство потврдија дека има истрага.

-ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.

Фото: Дурмо турс

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ