Нафтата скокна на повеќе од 115 долари за барел

Фото: Х видео принтскрин

Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари по барел при отворањето на берзите во Азија, додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран.

Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-Би-Си.

Цената на таа нафта по барел беше околу 72 долари пред 28 февруари, кога почнаа американските и израелските напади врз Иран.

Минатата недела цената на нафтата од марката „брент“ го достигна својот врв од 118 долари по барел на 19 март, а од петокот попладне беше нешто под 112 долари, што е значително повисоко во споредба со цената пред почетокот на војната.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ