Поевтинуваат бензините… А дизелот?

Фото: Фрипик

 Максималната малопродажна цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 до 3 денари за литар, а цената на дизелот останува иста – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува за 2,5 денара за литар, а на „евросупер БС-98“ за 3 денари, така што новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ е 84 денари за литар, на „евросупер БС-98“е 85,5 денари, а на „евродизелот БС (Д-Е V)“ и натаму ќе биде 95,5 денари. Максималната малопродажна цена на екстра-лесното масло за горење (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и ќе биде  92,5 денара за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,663 денари за килограм се намалува малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ и ќе изнесува 50,41 денари.

РКЕ ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафтата и нафтените деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата, донесе одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и, наместо досегашните 1,7 денар за литар, ќе изнесува 1,2 денар. 

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,758 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,604, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 2,151, а кај „мазутот“ има намалување за 1,055 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5414 отсто. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ