Кузеска: Обвинителот Савески ги исполнува задачите што му ги додели Мицкоски, правдата е погребана

Новиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели. Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше прунудена да си замине, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, која Канал 77 ја објавува интегрално. 

Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше а потоа и ја исфрли.

Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ.

Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа.

Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола. За пас на криминалците во врвот на власта.

Претходно, беше елимнирана и обвинителката која ги уапси вмровските началници, инспектори и полицајци осомничени за трагедијата во Кочани.

Беше укината суспензијата на вишиот Јавен обвинител Цветановски кој се откажа од гонењето на началникот Латас.

На голема врата се враќаат обивнителите од тефтерчињата на Мијалков.

Савески лично ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, позната од „бомбите“, каде Мијалков и Гордана Јанкулоска, го договараа нејзиниот избор.

А нејзиниот сопруг исто така, беше дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски.

Тука секако треба да се спомене и Анита Топалова Исајловска, жена на заменик министер на ВМРО-ОКГ.

Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Правдата во Македонија е целосно погребана.

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски

Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство,  узеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска.  

„Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли“, рече  Кузеска.

Таа додаде дека и потегот со кој на Ристовска и беа одземени предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, е само уште еден доказ дека новиот обвинител работи по нарачка на Мицкоски, за спас на криминалниот имот на ВМРО.

„Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа. Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола, за спас на криминалците во врвот на власта“, рече Кузеска.

На прес-конференцијата Кузеска правдата во Македонија е целосно погребана. Таа потсети и на други вакви случаи на елиминирање на обвинители кои воделе предмети за лица поврзани со власта и поставување на партиски подобни обвинители, што јасно укажува дека наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Прес СДСМ 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ