Клиничка болница Штип: Од утре амбулантските прегледи се префрлаат во модуларната болница

Почнувајќи од утре пациентите кои имаат закажано амбулантски преглед преку „Мој Термин“ во штипската Клиничка болница, прегледите ќе ги извршуваат во модуларната болница, која во текот на ковид кризата беше изградена за потребите на инфективното одделение во справувањето со пандемијата.

„Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи овде имаме технички повеќе амбуланти, отколку што имавме во старата зграда. Што значи со тек на време ќе добијат повеќе термини на „Мој термин“ за да вработените пуштат и со тек на време специјалистите и субспецијалистите ќе бидат подостапни за самите пациенти“, вели директорот на штипската Клиничка болница, д-р Владко Захаријев.

Во рамките на модуларниот објект ќе бидат активни вкупно 17 амбуланти, а ќе има и центри за психолошка поддршка и обезност.

Од Клиничката болница Штип потенцираат дека итните пациенти ќе продолжат да бидат примени во досегашните амбуланти во склоп на главната зграда на болницата, а редовните амбулантски прегледи со термин се оние кои ќе бидат трансферирани во модуларниот објект.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ