Се’ е бизнис ако си Трамп – Доналд Трамп – Помладиот наплаќа по 100.000 до 200.000 долари за физичко присуство на настан

Посетата на Доналд Трамп помладиот на Бања Лука е политички и маркетиншки настан што Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на чело со Милорад Додик се обидува да го претвори во доказ дека Република Српска е повторно „во игра“ на важни адреси, пишува Дојче Веле (ДВ). Во позадина се личните контакти, укинувањето на американските санкции против Додик и обидот на владата да ја претвори посетата во приказна за меѓународна рехабилитација.

Понатаму во подолгиот текст, ДВ се осврнува на начинот на кој делува Трамп – Помладиот, каде парите ја имаат главната улога. Имено, Трамп кој некаде се појавува како  како политички коментатор, некаде како бизнисмен, има ценовник, а неговото присуство може да се организира преку посреднички агенции. Цената на услугите е јавно достапна и се движи од 100.000 до 200.000 долари ако физички присуствува на настанот, и помеѓу 50.000 и 100.000 долари ако го одржи својот говор преку интернет.

Трамп – Помладиот дојде во Бања Лука на панел-дискусија со локални бизнисмени и зборуваше за проширувањето на економскиот потенцијал и американските инвестиции, како и глобалната економија со акцент на вештачката интелигенција.

Фото:Принт скрин

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА