Ме растажува што изгуби Орбан, но ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер, рече Венс

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар.

– Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз.

– Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да изгуби на овие избори – додаде тој неколку дена откако лично ја посети Будимпешта за да ја изрази поддршката на САД за Орбан.

Ватикан треба „да се држи до моралните прашања“, додаде Венс, откако папата Лав XIV изјави дека не се „плаши“ од владата на САД.

– Да, мислам дека во некои случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му препушти на американскиот претседател да ја одредува американската политика – рече Венс во интервјуто. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ