(Вознемирувачко видео) Учениците во паника скокале низ прозор – Пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил

Фото: Х видео

Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети во пукање во училиште во турскиот град Сиверек, во округот Шанлиурфа југоисточна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Напаѓачот бил поранешен ученик на училиштето и извршил самоубиство кога сфатил дека ќе биде фатен, соопшти гувернерот на округот, Хасан Шилдак.

Причината за пукањето што се случи утрово сè уште не е јасна. Познато е дека напаѓачот бил роден во 2007 година, учел во училиштето до деветто одделение, по што се префрлил во друго училиште. Според извештаите, напаѓачот користел ловечка пушка.

Според информациите на онлајн изданието на „Хуриет“, очевидци соопштиле дека биле земени заложници, меѓу кои имало и ученици. Друг дел од учениците кои се наоѓале во зградата се обиделе да побегнат скокајќи низ прозорците.

Првично напаѓачот, кој се криел во самото училиште, одбил да се предаде по предупредувањето од полициските екипи испратени на местото. Потоа биле ангажирани и специјалните единици.

Гувернерот на Шанлиурфа соопшти дека во моментов продолжува болничкото лекување на 12 од повредените. Од нив четворица се наставници, 10 се ученици, еден е полициски службеник, а еден е вработен во училишната менза, , пренесува МИА.

На вознемирувачките видеа објавени на социјалната мрежа „Х“ се гледаат ученици со ранци како панично бегаат од училиштето, а потоа се гледаат брза помош и специјални сили како брзаат кон местото на настанот.
Турската Си-Е-Ен објави дека некои од повредените ученици скокнале од прозорецот за да избегаат од вооружениот напад.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ