Како е можно фирма која четири години не може да заврши еден стратешки објект, да биде „доверлив партнер“ за нов поголем проект, прашуваат од Левица

Владата на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ продолжува со скандалозната пракса да наградува фирми кои со години не ги исполнуваат своите договорени обврски. Тендерот за изградба на далеководот го доби фирмата „Далековод“ Загреб, фирма ќерка на хрватски „Кончар“ која го има добиено тендерот за изградба на трафостаницата Охрид, но веќе четири години стои недовршена. Наместо да се бара одговорност од изведувачот и да се активираат пенали, државата му доделува нов дваесет милионски тендер на „Кончар“, се вели во соопштението на Левица.

Во соопштението, кое ви го пренесуваме во целост, се вели:

-На неодамнешното поставување на камен темелник за изградба на нов далековод од ТС „Битола 2“ до македонско – албанската граница, кое свечено го одбележаа премиерот Мицкоски и министерката за енергетика Божиноска, беше истакнато дека ова е „историски настан за македонскиот енергетски сектор“. Со ова свесно се дефокусира јавноста од вистинскиот проблем, четиригодишниот дебакл со изградба на трафостаницата Охрид, капитален проект кој започна во август 2021 година, а до ден денес не е завршен, иако претставува клучна алка без која целиот енергетски ситем на таа траса не може да функционира. 

Прашање е како е можно фирма која четири години не може да заврши еден стратешки објект, трафостаница, да биде „доверлив партнер“ за нов поголем проект? Дали станува збор за стратешко енергетско поврзување или за организирано испумпување на јавни средства?

Ова е уште еден доказ дека во енергетскиот сектор владее нетранспарентност, клиентелизам и отсуство на одговорност, а сето тоа врз грбот на граѓаните кои плаќаат сѐ повисоки сметки за електрична енергија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ