„Секој има право да си се допишува“ – Чувствата на Мицкоски биле посилни од писмата што Филипче ги пратил до ЕУ

Фото: Видео принтскрин

По информацијата од СДСМ дека лидерот Венко Филипче испратил писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во кои се пожалил за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок во државава за коментар денес беше прашан премиерот Мицкоски.

Тој само кусо рече:

-Секој има право да си се допишува и да си праќа писма, но моите чувства се се посилни, одговори Мицкоски.

Реакцијата на СДСМ доаѓа по вчерашната изјава на премиерот дека очекува опозицијата да биде самокритична и во сопствените редови, особено доколку во иднина се отворат постапки против поранешни функционери.

„Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност“, изјави Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ