Брат ја силувал малолетната сестра,а таткото ја малтретирал – Грозоморно злоставувaње во Гостивар

Фото: Фрипик

СВР Тетово информира за грозоморен чин, во кој брат си силувал сестра во Гостивар.

-На 19.04.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар, малолетничка од Гостивар пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие. Малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја принудувал да бара пари од нејзината баба. Малолетничката е предадена под грижа на Центарот за социјални работи Гостивар и во содејство со нив се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Тетово.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ