(Видео) Цунами во Јапонија по силниот земјотрес од 7,5 степени

Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени ги погоди водите во близина на североисточна Јапонија, предизвикувајќи предупредувања за цунами во неколку крајбрежни области.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 16:53 часот (07:53 GMT) во близина на брегот на регионот Санрику, на длабочина од 10 километри, пренесе ДПА.

Издадени се предупредувања за цунами, втор највисок степен на тревога по предупредувања за големи цунами, за погодените региони, при што агенцијата наведе дека бранови до три метри би можеле да достигнат до делови од островите Хоншу и Хокаидо, пренесува МИА.

Српски Н1, пак, информира дека првите бранови од цунами веќе се појавиле.

Властите упатија драматичен апел до населението: „Евакуирајте се веднаш“.

Првите бранови веќе го погодија брегот. Според податоците на Јапонската метеоролошка агенција, највисокиот измерен бран досега достигна 80 сантиметри, но експертите предупредуваат дека следните би можеле да бидат многу поголеми. Највисокиот бран е регистриран во градот Куџи во префектурата Ивате, додека во другите области височините биле помеѓу 20 и 40 сантиметри.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ