Имал отоврена рана по операција – Брза помош интервенирала за Дејан Јованов во судницата во Идризово

Екипа на итната медицинска помош интервенираше во судницата во затворот Идризово, каде што се одвива судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс.

Медицинската екипа интервенирала за прво обвинетиот Дејан Јованов Деко, за кого претходно неговиот адвокат побара замена на ефективниот со куќен притвор.

Според Телма докторите дошле за време на паузата на судењето.

-Претходно  адвокатката на   Дејан Јованов Деко,  побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Таа рече дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот  кој денеска бил спроведен од болница со отворена рана по оперативен зафат, информира Телма.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ