Москва ги поздравува изјавите на Румен Радев, чија партија води на бугарските парламентарни избори, за неговата подготвеност да соработува со Русија,е изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков по вчерашните избори во Бугарија.
„Секако, импресионирани сме од зборовите на г-дин Радев и некои други европски лидери за нивната подготвеност да ги решат проблемите преку прагматичен дијалог“, одговори Песков на прашањето како Москва се чувствува во врска со победата на партијата на поранешниот претседател на Бугарија.
Според Песков, сите несогласувања мора да се решаваат на преговарачка маса. Русија никогаш не одбила да соработува.
„Ние, напротив, бараме дијалог, но најчесто тоа не наидува на реципроцитет во Европа“, додаде Песков и рече дека е прерано е да се извлекуваат заклучоци за промена на климата во односите со Москва.
Парламентарните избори во Бугарија се одржаа во услови на политичка криза — тие се одржуваат по осми пат во последните пет години. Во овој период, формирањето стабилна влада беше неуспешно.
Британскиот весник „Телеграф“ напиша дека Радев би можел да стане кошмар на ЕУ. „Политико“ забележа дека ставот на Радев за Украина е близок со оној на Москва и дека тој постојано ја искажува својата желба да го продолжи увозот на руска нафта.
Колумнистот за руската агенција Риа новости, Дмитриј Бавирин оценува дека кошмарот за ЕУ може да произлезе од само еден потег на Радев, кој би можел да состави коалиција од тврдокорни евроскептици со национално-патриотската партија Преродба, најпроруската сила во земјата.
„Затоа Брисел со горчлив вкус го завршува шампањот што го отвори ноќта на поразот на Виктор Орбан . Се претпоставува дека Радев сега ќе ја преземе својата улога на проблематичен и глас на разумот.
„Ние сме единствената земја од ЕУ што е и словенска и православна…Можеме да станеме многу важна алка во целиот овој механизам за обновување на односите со Русија“, неодамна изјави генерал-мајорот. Судејќи според неговото лице, сигурно не се шегуваше“, заклучува колумнистот.








