Пцовисани биволи со антракс смелени и подготвени за јадење  – откриени 13 лица кои конузмирале од заразеното месо во Бугарија

Инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната откри шокантен случај  во селото Черногор во Силистра, Североисточна Бугарија, каде што беше потврдена појава на антракс. Утврдено е дека болни, па дури и мртви биволи биле колени во нелегални објекти и преработени во месни производи наменети за консумирање.

Случајот е опасен преседан, бидејќи заразеното месо било транспортирано до нелегални кланици во три различни региони, објави Plovdiv24.bg. Извршниот директор на Бугарската агенција за безбедност на храната, д-р Ангел Мавровски, објасни дека криминалната шема вклучува лица наречени „мршојадци“ кои се вклучени во преработка на животински трупови во регионите Русе, Разград и Силистра.

Истрагата утврди дека вкупно 9 биволи пцовисале на фармата, а труповите биле транспортирани во селата Сливово Поле, Лавино и Окорш за производство на саздарма (прерабптка од месо). Животните биле нелегално третирани 30 дена од ветеринар без да ги извести официјалните органи. Уште 4 животни биле нелегално однесени од местото во Разград за продажба, но полицијата го идентификувала сторителот.

Досега се идентификувани 13 лица кои биле во контакт со заразените животни или го консумирале месото, од кои некои веќе примаат антибиотска терапија. Регионалните здравствени инспекторати продолжуваат да бараат други лица кои се потенцијално изложени на ризик. И покрај тврдењата на сопствениците дека производот бил за лична употреба, властите предупредуваат дека консумирањето месо контаминирано со Bacillus anthracis носи ризик од смртен исход.

Бугарската агенција за безбедност на храната апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни при купување на месни производи. Задолжително е да се провери официјалното означување и етикетите, бидејќи антраксот е акутна заразна болест која е смртоносна и за животните и за луѓето. Целото откриено нелегално месо веќе е уништено под строга контрола.

Извор: Plovdiv24.bg

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА