ДИК побара општините да ги исплатат надоместоците за Избирачките одбори

Над десетина општини, меѓу кои неколку скопски, Битола, Струмица и други се’ уште не ги исплатиле членовите на Избирачките одбори, кои ги спроведоа Локалните избори во октомври минатата година. Средствата за исплата за спроведување на гласањето, според Изборниот законик е на општините, кои во буџетите за 2025 година треба да ги предвидат ти средства. Некои од општините направија и ребаланс непосредно пред изборите, со цел да ги обезбедат неопходните средства.

За неисполнетите обврски на општините денеска стана збори и на редовната седницата на Државната изборна комисија (ДИК), која по заседанието, се сретна со членовите на ЗЕЛС и општините. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ информираше дека до нив се обратиле членови на Избирачки одбори и други луѓе коишто учествувале во изборниот процес, а коишто се’ уште  не добил исплата на сработеното.

-Би сакал да кажам а дека Државната изборна комисија сериозно се занимава со ова прашање веќе подолго време. Направивме серија на средби и контакти со надлежните институции, пред се’ со општините за да укажеме и преку ЗЕЛС, но и директно до општините да укажеме дека согласно законот и согласно подзаконските акти, а донесени согласно Изборниот законик и подзаконските акти донесени од страна на Државната изборна комисија, јасно и недвосмислено е дека обврската за исплата и целосна исплата на овие надоместоци припаѓа на општините. Таа обврска треба што поскоро  да се исполни, рече Маричиќ.  

Висината на надоместоците е надлежност на ДИК, но исплатата не од општинските буџети.

Од ДИК денеска потсетија и на обврските на надлежните институции околу неопходните одлуки што треба да се донесат за навремена исплата и на блокираните општини коишто треба да добијат директна исплата од владата.

-Тоа го имаме укажано на на надлежните институции во Владата дека треба што поскоро да се направи и за таа цел продолжуваме да се ангажираме се’ додека не бидат исполнети овие обврски и во текот на денешниот ден по завршувањето на оваа седница ќе имаме состанок со водството на на ЗЕЛС, со градоначалниците коишто  имаат или пак имале проблеми со ова со ова прашање со намера ќе ја организиравме таа средба тука во Државната изборна комисија со намера што поскоро да се реши овој проблем во корист на колегите коишто ги чекаат своите заслужени надоместоци, кажа Маричиќ.

Дел од општините најавија делумна исплата на заостанатите надоместоци, со образложение дека ќе се раскусуруваат со одборите, како ќе им стигнуваат средствата на сметка.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ