Се потврдија шпекулациите – Зоран Ристоски – Ѓуза избран за директор на МРТ

По 14 години директорување на Марјан Ристовски, денеска јавниот сервис – МРТ доби нов директор. Со одлука на Програмскиот сервис, со јавниот сервис ќе раководи Зоран Ристовски, долгогодишен сопственик на маркетинг агенција. За Ристоски гласале 12 од 13 членови на Програмскиот сервис. На јавниот конкурс се пријавиле вкупно седум кандидат – покрај Ристоски, за директорската позиција се пријавиле и Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки. 

„Програмскиот совет утврди дека утврдениот кандидат понудил најдобра програма заснована на јасни програмски приоритети и реални мерки за унапредување на работењето на јавниот сервис, стои во одлуката за избор на директор на МРТ.

Во Одлуката уште се вели дека при изборот се имало в предвид менаџерските способности и компетенции и релевантното работно и раководно искуство.

Изборот на Ристоски го следеа шпекулации дека е сигурен кандидат поради неговата наводна близина со актуелниот премиер Христијан Мицкоски. Назначувањето на нов директор доаѓа по години раководење на Марјан Цветковски, кој дојде во време на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски и остана многу повеќе од законскиот мандат. Програмскиот совет имаше и неуспешни обиди да распише конкурс за избор на директор, но секогаш завршување во некои матни политички води.

Останува да се избере заменик – директор на МРТ, секогаш отстапено место на албанскиот коалиционер. За заменичкото место, како што дознавме, има дури 12 кандидати, додека како најсигурен кандидат се споменува Џулијан Шабани, кој работел во комерцијалните телевизии на албански јазик.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ