Синот на последниот ирански шах Пахлави нападнат во Берлин

Синот на последниот ирански шах Реза Пахлави беше прелиен со црвена течност денеска во Берлин. Инцидентот се случил додека Пахлави ја напуштал прес-конференцијата, за време на која го критикувал прекинот на огнот меѓу САД и Иран.

Напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата.

Пахлави е син на последниот ирански шах Реза Пахлави, кој беше соборен од власт во 1979 година.

Пахлави, кој не се сретна со официјални лица во Берлин, денеска изјави дека договорот за прекин на огнот „претпоставува дека однесувањето на иранската влада ќе се промени“, но дека тоа нема да се случи.

„Не мислам дека тоа ќе се случи. Не велам дека на дипломатијата не треба да ѝ се даде шанса, но мислам дека ѝ се дадени доволно шанси“, рече Пахлави.

Пахлави ја поддржа воената интервенција на САД и Израел на Блискиот Исток.

Извор: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА