Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.
-Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор, информират од ОЈО.
Според медиумите инвеститор на оваа зграда бил поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивоца Коневски, кој изјавил дека е многу потресен.
– Не можам да зборувам, многу сум потресен. Изведувач е Компанија Јакимовски ДООЕЛ. ТОчекувам истрагата да покаже кои се причините за несреќата, ги имаме сите потребни дозволи, изјавил Конески за Телма.
Телма е обидела да стапи во контакт и со соппственикот на градежната компанија, Предраг Јакимовски, но тој не одговарал на телефон.







