„Фер ангажман“ со новините од Законот за работно ангажирање на лица утре во Струмица

Информативната сесија „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица, е закажана за утре, 28-ми април 2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во Дом на АРМ, Општина Струмица (сала на Совет).

Целта на сесијата е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за работниците, така и за работодавачите.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и презентација на електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ