Избегнувајте го центарот на Скопје, протест пред Собрание

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија, на улица 11 Октомври од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ