Да се отстранат зборовите „албански терористи“ од спомен – обележјето на загинатите бранители кај Вејце бара Таравари

На Арбен Таравари и пратеникот од неговата партија Халил Снопче им пречи содржинта од таблата на спомен обележјето на паднатите бранители кај Вејце и бараат веднаш да се отстаранат зборовите „албански терористи“. Во одделни изјави, двајцата политичари сметаат дека тоа е навреда за Албанците.

Двацата реагираа откако министерот за одбрана Владо Мисајловски положи цвеќе во близина на спомен-обележјето, на кое пишуваше „Загинати во борба против албанските терористи на 28.04.2001 година во регионот на селото Вејце“.

„Кога министер на мултиетничка држава, а не приватно лице, положува цвеќе и оддава почит на спомен-плоча каде што јасно е видлив терминот „албански терористи“, тој со тоа ги навредува своите сограѓани идентификувајќи ја етничката припадност како криминална карактеристика. Ова, според кој било меѓународен стандард, е шовинистички и дискриминаторски јазик што мора да се казни“, е ставот на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Тој бара министерот да даде јавни објаснувања и да интервенира врз основа на овластувањата што ги има за да го промени овој говор на омраза на таа плоча што продолжува да стои во касарната Илинден, која со терминот „албански терористи“ е навредувана затоа што, како што вели тој, ги навредува Албанците, го навредува и Охридскиот договор, што е најсилниот доказ дека борците на Националноослободителната армија се борци за слобода, а не како што ги опишува оваа плоча.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, вчера во касарната „Илинден“ одржа комеморативна церемонија пред споменикот на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, во чест на четворицата припадници на армијата убиени во Вејце во 2001 година – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески. Министерот оддаде почит пред плочата.

„Пред 25 години, четворицата армиски припадници заедно со уште четворица припадници на Министерството за внатрешни работи трагично ги загубија своите животи во одбрана на татковината кај месноста Вејце. Нивната жртва засекогаш останува дел од нашето сеќавање. Храброста и пожртвуваноста што ја покажаа не обврзуваат да паметиме, да оддаваме почит и да ја чуваме татковината“, споделувајќи фотографија од плочата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ