Кривична пријава по итна му поднесе МВР на Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во службата за обезбедување, кој работел како претходница во обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски. Бодигардот беше пријавен од страна на неговата сопруга, за семејно насилство. Жената, по некоја случајност, како што потврди Мицкоски, била ќерка на колега на премиерот од факултетот.
-Поднесена е пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 година, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.






