За три месеци „Безбеден град“ казни 73.340 возачи – 456 поминале на црвено

Статистиката на МВР покажа дека од февруари до април возачите направиле 73.340 сообраќајни прекршоци, кои ги регистрирал системот „Безбеден град“. Најголем дел од прекршоците се за пречекорување на брзината -70.365, но има и такви кои преминале на црвено – вкупно 456 случаи.

Половина од прекршоците се направени во Скопје.

Анализата покажува дека возачите се опуштиле и најмалку прекршоци сториле во првиот месец од официјалното стапување во сила на системот -19.066, но веќе во март и април се зголемуваат –  26.241 во март и 28.033 во април.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ