Во речен канал во виничкото село Лески синоќа околу 23.30 часот бил пронајден повредениот П.А.(19) од Кочани. Случајот е пријавен во ОВР-Виница. Како се случило деветнаесетгодишникот да заврши во канал, засега останува предмет на истрагата.
-Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на понатамошно лекување, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






