По мамографот и рентгенот вон функција во штипската болница

По мамографот кој неколку месеци е вон функција заради дефект, од пред неколку дена не работи ниту рентген апаратот во штипската Клиничка болница. Директорот на болницата, д-р Владко Захаријев, на денешната прес конференција за новинарите, меѓу другото, го соопшти и овој податок.

Во моментов менаџментот на болницата работи на сервисирање и на двата апарати.

Во однос на мамографот, нема да се набавува нов, заради должината на процедурата на јавната набавка, туку посточекиот ќе се сервисира со дел од Хрватска:

„Мамографот, за жал, неколку месеци не работи. Целта е што побргу да го направиме. Има делови кои може да се набават за него. Во консултација со сервисерот, тој дел што фали, преку нивни мрежи е најден дека го има во Хрватска и тие сега чекаат да се достави до нив за да го направиме стариот. Зошто го поправаме стариот? Заради пациентите, во интерес на времето, да не чекаат. Бидејќи нов е процедура за јавна набавка што се одвива месец, два, понекогаш и три ако има жалби. Сега да започнеме процедура, не би било благодарно да се чека уште неколку месеци за нов. Што стигне делот, се надеваме за десетина дена да профункционира.“ – вели Захаријев.

Д-р Владко Захаријев, директор на Клиничка болница – Штип

И рентген апаратот ќе мора да се сервисира одреден период заради неговата големина и сложеноста на сервисот, па граѓаните за овој тип на дијагностика ќе се пренасочуваат во соседните градови:

„Рентген апаратот за жал од пред неколку денови е вон функција. Направена е дефектажа. Процедурата е започната. Сега на Управен одбор мора да направиме ребаланс за средствата да ги пренамениме. Со фирмата што го сервисира се доовоивме во најкус можен рок даго направиме. За жал, тие апарати се голем и итоа сервисирање не може да се одвива за ден два. Пак ќе треба граѓаните да бидат стрпливи. Што ни е алтернативата, регионалните градови, апел и до матичните лекари, за рентген да ги упатуваат во Радовиш, Свети Николе и Кочани. Ние имаме алтернатива, имаме помал рентген апарат, подвижен, за пациенти кои што се хоспитализирани. Но, тој го нема тој капацитет, бидејќи дневно околу 100 пациенти се сликаа само во прва смена.“ – подвлече Захаријев.

Штипската клиничка болница е најголемата болница во источниот дел од државата и претставува стратешки регионален центар, кој покрива над 200 илјади население.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ