По пратеникот Цеков од ЗНАМ и советничка во Советот во Прилеп ја напушта партијата

Советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп Мирјана Стеваноска на почетокот на денешната седница, најави дека понатаму ќе делува како независен советник. Како што рече Стеваноска, политиката без став е молк,  функција без интегритет е само поволност, а довербата од граѓаните е обврска којашто никако не смее да биде изневерена и  водејќи се од интересите на граѓаните на општина Прилеп донесла одлука од дејствува како независен советник.

-Во изминатиот период покажав дека не прифаќам политика на молк слепо гласање и немо одобрување на однапред договорени одлуки. Верувам дека советникот не треба да биде декор во во политички театар туку активен и принципиелен глас на граѓаните. Морам да потврдам да повторам дека за жал, сведоци сме дека наместо аргументирана дебата и суштинска расправа советот се почесто се претвора во место за формално потврдување на политички интереси и тоа само на една политичка опција. Иницијативноста стручноста и двонасочната комуникација се заменуваат со политичка дисциплина и молчење Личните и теснопартиските интереси се почесто се ставаат пред интересите на Прилеп и прилепчани Јас таков начин на функционирање не сакам не можам и не прифаќам нити пак ќе бидам соучесник во истото, рече советничката.

Пред една недела независно делување најави и пратеникот од Струмица од редовите на ЗНАМ Миле Цеков.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ