Почна изградбата на главна водоводна линија за штипската населба Света Недела

Почна изградбата на главна водоводна линија, која ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода за жителите во населбата Света Недела, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Во тек се градежните активности, со што ќе  се создадат услови за понатамошен развој на населбите Света Недела и Дузлак.

– Активностите кои се превземаат на дел од населбата Дузлак и насселбата Света Недела се во насока на надминување на еден долгогодишен проблем кој го имаат жителите на пред се населбата Света Недела со притисокот за водоснабдување, со инсталирање на нова главна водводна линија, преку ЈП „Исар“. Долгорочно ќе се реши проблемот и потребата на жителите од населбата Света Недела ,но и перспективно ќе овозможи ширење и зголемување на капацитетноста, околу населбата Дузлак. Ова е инфраструктурен зафат на Општината преку ЈП „Исар“, кој верувам дека ќе придонесе за подобрување на начинот на живот на жителите од населбата Света Недела – изјави Јорданов.

Посочи дека Општината е во комуникација со ЕВН, за да се реши проблемот со електричната енергија и како што рече веќе во следните недели и месеци ќе биде приклучена нова трафостаница, која ќе овозможи зголемен напон на електрична енергија.

 Директорот на ЈП „Исар“Александар Арсовски вели дека инвестицијaта во главната водоводна линија е вредна 2,8 милипони денари и е во соработка со општина Штип. 

-Поставуваме комплетно нова главна водоводна линија Фи 160 за задоволување на потребите на граѓаните-вели Арсовски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ