Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. 

null

– Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб – рече Мицкоски.   

null

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу бргу ќе може да биде пуштен преостаниот дел од  автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина од следната година. 

На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“, се работи на 11 километри од предвидените 31.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ