Камион усмрти маж, затворен патот Росоман-Градско

Фото: МИА

Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

– Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци – појасни Милевска Ѓеоргиева.

Известен бил јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Во моментов, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патни правци Р103 и Р107.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ