Градоначалникот на Карпош Лукровски нема дадено оставка, тој е на боледување, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукрвоски не дал оставка, туку оти од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. 

-Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментов во општината има законски избран заменик-градоначалник  кој што го заменува градоначалникот додека е на боледување поради одредени здравствеи проблеми. Иако имаше и такви политички глодари кои што излегуваа и се ситеа на здравствена состојба на човек, јас нема да ги коментирам тие политички глодари. Му посакувам брзо опоравување на градоначалникот и што поскоро да се врати на својата работна позиција, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Во меѓувреме, до тој момент, нагласи премиерот Мицкоски, ќе го заменува заменик градоначалникот кој согласно закон е именуван од страна на градоначалникот.

-Повеќе детали околу здравствената состојба ниту сум овластен, ниту би сакал да споделам, нагласи премиерот Мицкоски. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ