Дал отказ, па работодавачот физички го нападнал и му одзел 26 илјади денари

На 17.05.2026 во 15:00 часот во Полициската станица Делчево, М.М.(56) од Делчево пријавил дека на 16.05.2026, по претходна расправија поради нерасчистени односи со Д.Р., сопственик на такси компанијата каде што работел, Д.Р. најпрвин со клучеви од возило го оштетил неговото патничко возило „фолксваген пасат“, а подоцна во близина на угостителски објект Д.Р. со уште две лица физички го нападнал и го принудил да му даде 26.000 денари затоа што без најава ја напуштил работата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ