Постигнавме договор со Мицкоски – за 3 месеци се решава прашањето за албанскиот јазик, вели Меџити за „Еуроњуз Албанија“

Во изјава за „Еуроњуз Албанија“, претседателот на Вреди, Изет Меџити, изјави дека не само за правосудниот испит, туку и во останатите области законот за албанскиот јазик ќе се применува доследно, што е договорено со премиерот Христијан Мицкоски. Даде е и рок од 3 месеци, според Меџити.

Во продолжение дел од интервјуто:

ЕА: Што ќе направи Мицковски за спроведување на законот, бидејќи тоа е она што се бара?

ИМ: Мислам дека се справуваме со истото прашање. Исто како што ги решивме овие три прашања, ќе продолжиме и со правосудниот испит, што е барање од студентите. И не само во правосудниот испит. Се согласивме дека Законот за јазици треба да се применува и во други области што имаат врска со стручни испити или лиценци што треба да се добијат.

ЕА: Вие тоа го побаравте, но што ви е кажано?

ИМ:Ние не го побаравме, се согласивме, се согласивме. Тоа е заедничка изјава на лидерите на двата владини партнери – ВМРО и Вреди

ЕА: Има рок?

Да, договоривме рок од три месеци, има постапка, мора да се поднесе предлог закон со амандмани. Законот мора да помине низ Владата, мора да помине низ парламентот и други процедури. Да, ги надминавме барањата што ги побараа за правосудниот испит. Ги вклучивме сите оддели и сите области што имаат врска со стручни испити и лиценци. Ова е она што треба да го образложам.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ