Малолетник крадел по џамии во Тетово

Уапсен е малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение дека во изминатите две недели крадел донации по џамии. Полицијата го сомничи за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.

-Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари, соопшти МВР.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ