На македонското семејство му требаат 1200 евра за да го преживее месецот, а ако плаќа кирија 1400 евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена  за 54  денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117  денари.

За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за станарина, водам електрична енергија и греење 6.338 денари, за транспорт 5.041 денари.

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ