Протестираа прекршувајќи го Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот – Мицкоски за студентските протести

– Јас секогаш поддржувам протести како демократско право, но мене лично ми пречи тоа што протестантите, кои се правници и кои се борат за право, токму тие го прекршуваат законот, како што се Законот за знамињата или Законот за државната химна, Уставот и така натаму. Навредите нема да ги коментирам затоа што тоа е домашно воспитување кое се стекнува во првите седум години од животот, нема да го коментирам насилниот инцидент, а нема да ги коментирам ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија на некои надворешни фактори и тоа ќе го сметаме за фолклор, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање да ги коментира вчерашните протести на студентите Албанци.

Мицкоски рече дека се работи да се обезбеди трајно решение со кое овој, но и низа други проблеми што ги наследиле од минатото, а треба да бидат решени.

– Го осудувам и однесувањето на опозициската партија Демократска унија за интеграција бидејќи тие имаа можност во изминатите 20 години да ги решат овие прашања и, за жал, ништо не направија, а решаваа лични прашања. И, ако споредите, од голтари станаа милионери на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето што мака мачат како од први до први до го поминат месецот. Ние сме одговорна Влада, проблемите се за да се решат, ние решивме стотици проблеми, така и овој ќе биде решен, рече Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ