Словенија будно го следи процесот за Пулс

На денешното рочиште од судењето за пожарот во дискотеката Пулс, присутен како јавност е и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот. 

Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. 

Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во Кафе бар Класик, каде во сите како управител стои Митко Стојанов и се вршени во негово присуство. 

Потоа беа презентирани повеќе докази поврзани со барање од Никола Кузманов за изградба на деловен објект од 1999 година, заедно со план, проект и елаборат за градба, како и документ и одобрение за градба издадени од Министерство за урбанизам и градежништво. 

Документи од Гроздан Милковски – сопственик на имотот и објект каде се наоѓала и функционирала дискотеката „Пулс“, како и документација за легализација на безправна градба на дел од објектот – имотен лист со објект на Милковаки, купени од претходниот сопственост Никола Кузманов, како и документација за легализација на дивоградба – доградба на објектот направена подоцна без соодветна документација. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ