Ќе се тргнат ли од „црната листа“ Груби, Камчев и останатите – Вашингтон ги преиспитува одлуките на Бајден

Фото: Х видео

За многумина во Бугарија, познавачи на политичките прилики веројатно не беше изненадување што во време кога претседателот Румен Радев постави ултиматум до Трамп – уникување на визите или остранување на американскитте авионите од Софија, Стејт департмент го отстрани бугарскиот контраверзен бизнисмен и поранешен заменик-министер за економија Александар Манолев од списокот на санкции на САД. Одлуката ексклузивно ја потврди функционер на департментот и доаѓа во услови на широка политика на администрацијата на Доналд Трамп за преиспитување на ограничувањата воведени за време на претседателствувањето на Џо Бајден.

Листите на санкции ги админстрира Канцеларијата за контрола на странски средства (Office of Foreign Assets Control – OFAC) во рамките на американското Министерство за финансии. Но, најважна е Листата со специјално назначени државјани (Specially Designated Nationals – SDN list) попозната како „црна листа“, каде има и македонските државјани под американски санкции.

Голема ревизија на ограничувањата

Бугарскиот бизнисмен и екс функционер Александар Манолев беше јавно санкциониран во 2021 година според член 7031(в), овластување на Стејт департментот што им забранува на странски службеници и нивните најблиски семејства влез во Соединетите Држави. Сегашниот потег означува пресврт во таа политика.

Тимот на американскиот претседател активно разгледува голем број такви случаи, според извори запознаени со ова прашање. Функционери блиски до процесот велат дека пристапот на претходната администрација отишол подалеку од потребната цврстина. Но, претставници на администрацијата на Доналд Трамп почнаа да ги испитуваат институционалните и политичките мрежи што ги обликуваа списоците со санкции во последните години. Вниманието особено се насочува кон долгогодишните врски меѓу семејството на поранешниот државен секретар Ентони Блинкен и институциите поврзани со Џорџ Сорос.

На пример, во 2015 година, Централноевропскиот универзитет во Будимпешта ги преименува своите архиви во „Архиви на отворено општество“ по Вера и Доналд Блинкен, што ја одразува нивната поврзаност со институцијата основана од Сорос.

Ран сигнал за ревизија на надворешната политика

Експертите за преглед во Вашингтон анализираат дали некои од наметнатите санкции биле диктирани целосно од причини поврзани со националната безбедност и борбата против корупцијата, или дали политичките и идеолошките приоритети на надворешните мрежи за застапување одиграле улога во нив.

Укинувањето на санкциите против некои од луѓето на „црната листа“ се смета не само за индивидуален административен акт, туку и за ран сигнал за многу поголема ревизија на надворешната политика што моментално е во тек во Вашингтон. Првиот таков потег, што се однесува за Западен Балкан, беше повлечен со отсранување на лицата од Република Српска.

Од македонските државјани на „црната листа“ се бизнисмени, нивни компании, политичари и функционери, како Артан Груби, Катица Јанева, Кочо Анѓишев, Стевчо Јакимовски, Орџе Камчев, разрешениот судија Енвер Беџети и други.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ