Откако прошета по светот, вицепремиерот Фетаи поднесе оставка

Во писмената оставка до премиерот Мицкоски, Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење напиша:

“Денеска ја поднесов мојата оставка од функцијата вицепремиер задолжен за добро владеење до премиерот. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото, мисија подеднакво важна колку што е и неблагодарна. Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со максимална посветеност за да воспоставам цврсти темели врз кои ќе се гради понатаму? Без никакво двоумење, да. Заминувам со крената глава и со чиста совест. Ова е добро осмислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедното и најдостоинственото нешто. Им благодарам на сите оние што ми веруваа, ме поддржаа и соработуваа со мене за време на ова патување. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми дадоа сила и мотивација на секој чекор. Служењето на јавниот интерес не завршува кога ќе заврши функцијата. Напротив, продолжува секаде каде што има потреба од интегритет, храброст и слободни гласови во одбрана на општото добро. Можете да го прочитате писмото за оставка подолу.“ напиша Фетаи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ