Втората епизода од подкастот СајберШтит, зборува за предизвиците и можностите за жените во сајбер безбедноста и технолошките професии. Гостин е Љубица Крстевска Пендаровска – експертка за сајбер безбедност и претседателка на Women4Cyber North Macedonia.
Заедно истражуваме: Зошто е важно девојките да имаат пристап до технолошко образование; како изгледа безбедна и поддржувачка средина; што можеме сите да направиме за промена?
Повеќе во подкастот дел од проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност” што го спроведува Фондација Метаморфозис.







