Утре во Кочани ќе се одржи 19-тиот протестен „Марш за ангелите“ организиран од здружението на семејствата на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“:
- Нашата болка, љубов и борба не престануваат. Посветени, обединети и гласни, во име на сите оние чии животи беа неправедно одземени, продолжуваме со барањето правичност и правда, се вели во нивното соопштение.
Маршот ќе тргне во 18:05 часот од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани и ќе продолжи по вообичаената рута кон Трговскиот центар и зградата на Општината, а потоа ќе продолжи кон Полициската станица и ќе финишира пред зградата на Обвинителството и Основниот суд – Кочани.
Од Здружението упатуваат повик до граѓаните да им се придружат.




