ДИК: 6,5 милиони евра кај 329 медиуми партиите ќе можат да трошат за изборите

Рекорден број на медиуми доставиле барање да влезат во Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање, но не сите ќе ја имаат таа можност да добијат парче од колачот од 6,5 милиони евра за претстојните Локални избори во октомври.

На денешната седница Државната изборна комисија соопшти дека од доставените 352 барања, условите ги исполниле 329 медиуми – телевизија, радија, печатени медиуми и најмногу портали од оваа бројка – вкупно 246.

Како што соопшти Светлана Карапетрова, членка на ДИК, како неуредни отфрлени се барањата за упис во Регистерот на вкупно 22 медиуми, од кои две телевизии, 5 радија, еден печатен медиум и 14 интернет портали.

-Средствата кои ќе се потрошат за платепно политичко рекламирање за медиумите се 66 отсто од буџетот на Државната изборна комисија за Локалните избори или 397.763.000 денари од вкупно 600.489.000 денари, рече Карапетрова.

Во текот на денешниот ден се очекува јавно да биде објавен Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ